Поранешното момче на Милица Тодоровиќ, актерот Петар Стругар стана татко по вторпат.
Имено, Петар добил син со долгогодишна познаничка, пишува блиц.рс, а Стругар ги потврди овие пишувања.
„Да, точно е дека добив уште еден син. Среќен сум и уживам во тоа. Тоа е сè што ќе кажам на оваа тема“, изјави Петар.
Актерот од бракот со колешката Ивана Николиќ има син.
Стругар својата девојка не ја експонира јавно, па затоа за многумина беше изненадување што добил дете.
„Оља и Петар се познаваат долго време. Таа не е од јавниот свет и не сака да се експонира во медиумите. Води мирен живот далеку од очите на јавноста. И годи што Петар е непосреден, духовит, сака спорт, природа и животни, баш како и таа“ вели извор.
Потсетуваме, Петар Стругар на јавноста е познат по неговата неколкумесечна врска со пејачката Милица Тодоровиќ.