Анастасија Ражнатовиќ веќе неколку години ужива во врската со Ѓорѓе Кулиќ, а шпекулациите за тоа кога таа ќе застане пред матичарот не престануваат од ден на ден.
И додека јавноста и медиумите се занимаваат со нивната венчавка, тие двајца мудро прават големи планови за во иднина. Тие неодамна купија имот во центарот на Белград, а до денот на вселувањето полека размислуваат да го опремат својот нов простор за живеење.
Неодамна се вратија од прекрасниот одмор во Мексико, а ќерката на Цеца Ражнатовиќ не крие дека си поминале многу убаво.
View this post on Instagram
– Беше одлично, ги наполнив батериите и подготвена сум да работам – кратко рече Ражнатовиќ, а на прашањето дали е подготвена да стане мајка затоа што одлично се снаоѓа како тетка, таа рече:
View this post on Instagram
– Сè уште не сум подготвена, сакам да уживам малку повеќе во животот на една девојка, сè уште не сум за мајчинство – изјави пејачката во шоуто „ДеТоксик“.