Промотер

ВИС „Рисови“ – „Одиме на Европско првенство“ е навивачката химна на Македонија за на ЕУРО 2021

ВИС „Рисови“ – „Одиме на Европско првенство“ е навивачката химна на Македонија за на ЕУРО 2021

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство“ која е во изведба на групата ВИС  „Рисови“ и претставува најава на деби-учеството на нашиот национален тим на еден голем настан.

Сениорскиот тим ќе биде дел од ЕП 2020 кое ќе се одржи во повеќе земји, а токму затоа направена е навивачка химна за да се крева атмосферата и еуфоријата. Македонија ќе игра во група со Холандија, Австрија и Украина, а групите се во Букурешт и Амстердам.

Во спотот, покрај дел од македонските фудбалски асови како Пандев, Елмас, Барди, Алиоски, Несторовски, Ристовски, Муслиу… се појавува и селекторот Игор Ангеловски…
…Како и многу други статисти, но и познати ликови од спортскиот, естрадниот, културниот и јавниот живот во Македонија како автомобилскиот ас Игор Стефановски – Иџе, манекенката и модел Катарина Ивановска, ТВ водителката Јана Серафимова, актерката и ДЈ-ка Елизабета Клинчаревска Младеновска, моделот и мисица Емилија Розман, актерите Тино и Атанас, малиот Јане Велковски… и  многу други.

Автори на музиката и текстот се Саше Љолес и Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“, кои ја изведуваат песната како дел од групата „ВИС Рисови“, заедно со Никола Бочваров, Танче Гроздановски и Слободан Хаџи-Илиев.

Меѓу придружните вокали се и Симе Златков, Дени Крстев и Васко Атанасовски, сите дел од скопската урбана музичка сцена.

Режисер на спотот е Огнен Шапковски.

 

Како изгледа спотот на навивачката химна, погледнете во продолжение…

 

To top