Се наближува финалето на „Ѕвездите на Гранд“ на сезоната која трае две години поради пандемијата со коронавирусот.
Во последната емисија настапуваше и македонската кандидатка и пејачка Елена Миленковска која се претстави со „Ничија“ од Ана Бекута и „Нинанајна“ од Елена Ристеска.
Таа се натпреваруваше во дуел со Немања Ѓурѓевиќ. По завршувањето на нивните интерпретации, Немања доби шест гласа и помина директно во следниот круг, додека пак Миленковска доби пет глас и помина во познатиот бараж.
Жирито имаше позитивни коментари за нашата Елена.
„Ми се допадна, одлично изгледаш. Драго ми е што пееше своја песна“, изјави Вики Миљковиќ и ја помеша Миленковска со Елена Ристеска.
„Тоа не е нејзина песна, туку на Елена Ристеска. Ја познаваш ли воопшто?“, ја корегираше Саша Поповиќ.
„Знам, македонска пејачка“, одговори Вики, а Поповиќ ја праша од каде ја познава, а Миљковиќ немаше одговор на прашањето.
„Луѓе, жената беше учесничка на Евровизија“, одговори Марија Шерифовиќ.
Марија беше единствена која не и даде глас на Миленковска, па објасни зошто тоа е така.
„Затоа што Немања е она што претставува една „Ѕвезда на Гранд“. Млад, точен, харизматичен. Тоа не значи дека Елена не беше добра, но тој беше подобар и сакав да оди понатаму“, изјави пејачката.
Ана Бекута исто така имаше пофални зборови за нашата кандидатка.
„Беше убаво, задоволна сум. Браво, но може и подобро во баражот“.
Миленковска со останатите кандидати се натпреваруваше во баражот на крајот на емисијата, но испадна од музичкото натпреварување и не помина во следниот круг.
По нејзиното испаѓање таа се огласи на својот Инстаграм.
„Друштво помина една вечер од настапот и ми слегнаа емоциите. Срцето ми е полно. Толку убави коментари, толку многу луѓе ми се јавија, како никогаш досега. Благодарна сум на сите на поддршката и на убавите коментари. Многумина ми пишаа, а ги читав и коментарите на „Јутуб“ дека неправедно испаднав, а јас се водам по реченицата дека се се случува со некоја причина и дека најдобрто допрва доаѓа“, напиша пејачката и се заблагодари на целиот тим кој работеше со неа.
View this post on Instagram
Инаку, Гранд продукција знае пред финалето да организира баражна емисија или пак да врати некои кандидати, а дали така ќе биде со Елена Миленковска останува да видиме.