Радио Милева го покажа трудничкото стомаче

Цела бременост го криеше трудничкиот стомак, а сега откако се породи Симона Поповска на сите им покажа каква трудница беше (фото)

Цела бременост го криеше трудничкиот стомак, а сега откако се породи Симона Поповска на сите им покажа каква трудница беше (фото)

Mакедонската пејачка и докторка Симона Поповска неодамна ја изненади јавноста кога на социјалните мрежи  објави дека станала мајка.

Имено, Симона и нејзиниот сопруг Крис станаа родители на момче за кое го одбраа името Никола.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/iznenaduvanje-za-javnosta-simona-poposka-stana-majka-foto/

Пејачката од јавноста криеше дека е бремена се до моментот кога не стана мајка и на Инстаграм не започнаа да се нижат честитки на нејзина сметка.

-Jас и бебето сме одлични,имав прекрасен тим,породувањето беше спонтано и тоа е тоа. Веќе избравме име,ќе се вика Никола. Изненадувањта се реално секогаш послатки,јас не сум човек кој ја споделува приватноста ,но не беше намерно туку поради ситуацијата што се случува со ковид-19,периодот ми беше работа дома,чување и тос е тоа, вели пресреќната мајка која го опиша и моментот кога првпат го земала во реце своето чедо„, изјави неодамна Поповска.

фото: принтскрин/инстаграм/симонапоповска

Меѓутоа, по речиси две недели од породувањето, на „денот на мајка“ (09.05.2021), пејачката на социјалните мрежи објави серија фотографии на кои го покажа трудничкиот стомак и како изгледала како трудница.

На фотографиите таа позира со трудничкото стомаче, позира покрај креветчето, а на крајот е и објавата на која Симона и сопругот се држат за рака држејки мали обувки за наследникот.

„Никогаш не го разбирате животот сè додека тој не расте во вас“, напиша Симона покрај објавата, а под истата се нижеа честитки од нејзините пријатели, следбеници, колешки.

Инаку, во 2016 година Симона Поповска доби свршенички прстен на патување во Италија од својот сакан Крис Поповски. Во август 2017 се случи и свршувачката која младите ја прославија во кругот на најблиските на брегот на Охридското езеро, а една година подоцна ја направија и свадбата во еден струшки хотел.

To top