Војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам (38) и Кејт Мидлтон (39), го пуштија својот Јутјуб канал.
Веста е објавена на Твитер.
We’re now on @YouTube!
Subscribe: https://t.co/nRQZXPRtuT pic.twitter.com/1rHJK8dhRy
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) May 5, 2021
„Сега сме и на Јутјуб“, се вели во соопштението и е додадена покана за претплата со линк до нивниот канал.
Досега на нивниот канал има само едно кратко видео во траење од 25 секунди, а во него има кратки сцени од нивните животи и од она што го прават како членови на кралското семејство.