Сигурно досега сте имале можност да ги видите светски познатите актерки,пејачки, модели како позираат голи, но нивните тела се прикриени во боја.
Од Дру Баримор, до Кети Пери,Кејт Мос и многу други досега се фотографираа во вакво издание.

Неодамна едно вакво уметничко разголување во боја најави и нашата актерка Ана Стојановска, која во топлес издание со раката преку градите откри дека работи на нешто ново.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/akterkata-ana-stojanovska-vo-toples-izdanie-od-garderobata-umetnichko-razgoluvanje-vo-boja-foto/
Не помина многу време оттогаш, па сега Стојановска го објави и колоритниот финален резултат каде изгледа секси и егзотично.

На една од фотографиите е сама, додека на другата има машка придружба.

„Арт Буковски“ е името на авторот кој го означи на објавата, а од приложеното евидентно е дека финалниот резултат изгледа ултра автентично, а Ана со својта кадрава коса, витката линија и самоуверениот став била вистинскиот избор за овој „body art“.