Пејачката Пинк и нејзиниот син во март претходната година беа заразени со коронвирус.
Додека Пинк имала проблеми со дишењето, нејзиниот син имал висока темепература.
Во интервју за радио „Heart“, Пинк раскажа дека помислила дека ќе умре.
View this post on Instagram
„Ова ќе звучи лудо, но корона прележавме многу рано, во март претходната година. Беше навистина лошо, па го менував својот тестамент. Знаете, во тој момент мислев дека сме готови“, изјави Пинк.
„Како родител размислував што да оставам на своето дете, дали ќе успее, што треба да им кажам за последен пат“, додава пејачката.
View this post on Instagram
Пинк во една прилика раскажа дека ја фатило паника кога почнала тешко да диши.
„Размислував да одам во болница, но во тој момент не знаев што да направам. Единствено нешто во што бев сигурна дека ова беше најлошо искуство во мојот живот“, заклучи позната ѕвезда.