Српскиот пејач Слоба Радановиќоткри дека ќе се проба во актерството.
Имено, тој доби покана од синот на покојнот Ѓорѓе Балашевиќ, Алекс, кој е продуцент на филм.
View this post on Instagram
– Наскоро ќе дознаам за што точно станува збор, но приказната е за ММА спортот, јас веројатно ќе бидам борец, улогата е сериозна, синот на Балашевиќ продуцира филм, јас не излегувам од теретана, ќе видиме што се случува зад рингот … Не сум прочитал сценарио, но знам дека филмот ќе се снима во Србија и на некои егзотични дестинации. Едвај чекам да се обидам во тоа и мислам дека сум на висина на задачата. Надоместокот е добар – заклучи Слоба во шоуто со Огњен Амиџиќ.