Пејачот Бобан Рајовиќ своето семејство не го експонира јавно.
Меѓутоа, Велигден го помина со најблиските, а на социјалните мрежи сподели семејна фотографија и ги воодушеви следбениците.
Имено, Рајовиќ заедно со семејството го помина најрадосниот христијански празник, а по посетата на неговите родители во Црна Гора, Рајовиќ заедно со своето семејство уживаше во еден ресторан во Белград.
Неговите наследници Ивана, Анѓела и Андрија позираа насмеани на семејната фотографија.
View this post on Instagram
Но и покрај бројните позитивни коментари на нивна сметка, најмногу комплименти доби неговата сопруга Драгана.
„Каква убавица“, „Имаш семејство за пример“, „Но, Драгана е преубава“, се само некои до коментарите кои може да се прочитаат.