Новата учесничка во реалното шоу „Задруга“ Кристина Спалевиќ го привлече вниманието по флертувањето и бакнежот со оженетиот Кристијан Голубовиќ. Но тие имаат уште нешто заедничко, за што никој од нив досега не зборуваше, а тоа е дека обајцата ја познаваат Станија Добројевиќ.
На Инстаграм профилот на споменатата актуелна учесничка во реалното шоу, можете да видите селфи фотографии на кои таа позира пред огледалото во еден стан, кој на сите ни е познат подолго време. Имено, станот на овие фотографии изгледа идентично како оној на Станија во Нови Сад, а тие ја имаат и истата локација. Единствениот детал што се разликува на сликите е часовникот зад шанкот во кујната, а белата кујна, како и столчињата од барот и огледалото, си стојат на место.
Телеграф.рс ја контактираше Станија Добројевиќ и ја прашаа дали е нејзин станот во кој живееше Кристина и дали и го издала.
„Да“ – кратко одговорила таа со три емотикони кои се смеат до солзи. Она што е карактеристично за обете е нивната блиска врска со Кристијан за време на нивниот престој во реалните шоуа.
Да потсетиме, Кристијан Голубовиќ неодамна ја изневери сопругата Ивана во „Задруга 4“ со Кристина Спалевиќ. Тие се бакнаа на забавата, а видеото наскоро одекна во јавноста.
Она што е интересно е дека веднаш по влегувањето во реалното шоу, Кристина привлече големо внимание кај Голубовиќ, па тој веднаш беше меѓу првите кои и пријдоа да и помогнат да се снајде.
Кристина инаку се занимава со пеење, а моментално живее во Нови Сад, иако е родена и израсната во Шабац. Оваа привлечна црнка има дваесет и три години, а Голубовиќ има 51 година.