Радио Милева Толку беше

Наместо венчавка – пукна тиквата: Драгана Миќаловиќ раскина со сопственикот на бензинска

Наместо венчавка – пукна тиквата: Драгана Миќаловиќ раскина со сопственикот на бензинска

Познатата српска актерка Драгана Миќаловиќ (30) раскина со бизнисменот Стеван Пуриќ (33) и покрај пишувањата дека планирале свадба оваа пролет.

Драгана и Стеван ставија крај на нивната љубов, како што пренесува „Стори.рс“, додека за закажувањето на нивната венчавка се зборуваше уште од минатата година.

Двајцата не се појавуваа често заедно на настани, додека информациите за нивната романса сепак стигнаа до јавноста.

фотоинстаграм принтскрин

– Иако е млад, Стеван зад себе има еден пропаднат брак и три ќерки. Поради тоа, тој сметаше дека неговата среќа повеќе нема да му се насмевнува и дека дури и да најде убаво и пристојно девојче, таа тешко дека ќе може да се носи со неговото минато. Сепак, Драгана го прифати каков што е и го сака баш таков каков што е. Стеван постојано вели дека би сакал Драгана да му роди син, бидејќи тој веќе има три ќерки – изјавил извор близок до Драгана и Стеван за „Ало.рс“ пред само неколку недели.

Стеван Пуриќ е бизнисмен и сопственик на бензинска пумпа во Белград. Неговата поранешна сопруга Јована своевремено се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Со неа има три ќерки: Ника, Зара и Бјанка. Ника Пуриќ (12) е позната по учеството на музичкото натпреварување „Пинкови Sвезди“, во кое постигна завиден успех.

To top