Радио Милева експерт и мултиталент...

Проф. Др. Вело Марковски покажа дека не е само врвен инфектолог, туку и патриот со уметничка душа: Со песна за поддршка на уставобранителите и сите неправедно затворани – „Налеј, налеј“

Проф. Др. Вело Марковски покажа дека не е само врвен инфектолог, туку и патриот со уметничка душа: Со песна за поддршка на уставобранителите и сите неправедно затворани – „Налеј, налеј“

Деновиве доктор Вело Марковски повторно ги изненади сите, речиси целата јавност на социјалните мрежи со седна од своите последно објави. Не , не е во прашање никаков научен труд, стручно излагање, интервју или ТВ гостување, туку во прашање е испеана песна.

Имено, тој постави статус со линк до аудио на Јутјуб и гордо изјави дека ја снимил својата прва песна, со која им дава поддршка на уставобранителите и сите неправедно затворани за Македонија.

Во прашање е позната македонска народна песна со патриотска содржина во стиховите „Налеј, Налеј“, за која многумина тврдат дека е всушност љубовна. Но, напишана за една поинаква љубов… Љубовта кон татковината, љубовта кон Македонија! А Вело Марковски ја испеал подеднакво емотивно и со душа, како да е врвен естраден уметник.

 

Инаку, професор  – доктор Вело Марковски е врвен познат и признат македонски инфектолог, стручњак почитуван и надвор од Македопнија и еден од неколкуте лекари, кои со своите медиумски настапи се истакна во оваа пандемиска криза, особено на нејзиниот почеток, пред повеќе од една година.

Неговото прво интервју на почетокот на пандемијата, во кој се осврна на погрешната или поточно штетната употреба на респираторите и кога треба и кога не треба, стана особено популарно во целиот регион. Неговите ставови и изјави предизвикуваа особено внимание, коментари и реакции во јавноста, но не само во нашата држава, туку и пошироко.

Откако ја заинтригира јавноста со своите излагања, истата таа јавност и медиумите секако, интензивно почнаа да се интересираат и за неговиот приватен живот. Убавата и атрактивна помлада сопруга на др. Марковски, Евгенија Николовска – Марковска и нивниот  брак преку ноќ влегоа во фокусот на вниманието, иако нитуу таа како и познатиот инфектолог не и беа непознати и од претходно на јавноста. Тој по својата стручност и познавања, таа на естраднатафела  и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата.

Но малкумина знаат или тогаш открија дека некогашната манекенка, мисица и модел, денес е магистер по економија и бизнис администрација, а однеодамна и мајка на две дечиња.

Вело Марковски пак, оние кои одблизу го познаваат знаат дека  не е само  само врвен инфектолог, туку и мултиталентирана личност, лекар со кревка уметничка душа.

За тоа најдобро говорат неговите напишани книги надвор од стручната област на која и припаѓа, но и песната која  тој и ја напишал посветил токму на својата убава сопруга, насловена како „Те Сакам“.

Истата е објавена на Јутјуб, а тој самиот како и „Налеј, налеј“ ја споделил на својот профил на Фејсбук.

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/ Velo Markovski/evgenija.markovska

Видео: Јутјуб

To top