Иако ја живее шестата животна деценија, италијанската актерка Моника Белучи не им се дава на годините и изгледа феноменално.
Обожавателите на Белучи наскоро ќе ја видат актерката во едно сосема поинакво визуелно издание.
Таа во новата улога ќе покаже една сосема поинаква уметничка трансформација.
View this post on Instagram
Папараците на снимањето на филмот „La Befana comes at night“ ја фотографираа во потполно поинакво издание од она на кое сме навикнати.
Ќе ја глуми улогата на вештерката Долорес, па за потребите на истата, Моника мора да носи перика со седа коса, минимална шминка, како и истакнати подочњаци. Со шешир и метла, скоро па е непрепознатлива.