Радио Милева жал ми е што не ти кажав...

Јелена Карлеуша на трогателен начин со емотивен статус се прости од младиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“, кој трагично си го одзеде животот (ФОТО)

Јелена Карлеуша на трогателен начин со емотивен статус се прости од младиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“, кој трагично си го одзеде животот (ФОТО)

Веста за самоубиството на младиот натпреварувач на „Ѕвездите на Гранд“, дваесет и четиригодишниот Момир Луковац  го потресе  целиот регион. Пејачката и член на жирито на споменатото натпреварување Јелена Карлеуша, со емотивен статус се прости од него преку својот профил на Инстаграм.

Таа објави снимка од шоуто во кое настапи Момир и коментарите што му ги испрати на стори на Инстаграм. Кога Јелена му се обрати, Луковац рече: „Ќе ослабам, жими мајка“ и ги насмеа сите во студиото.

Карлеуша не штедеше комплименти на негова сметка и рече дека е очигледно дека тој е „добра и благородна душа“ и дека ја трогнал неговиот настап. Исто така таа изјави дека тој бил момче какво што само можело се посакува, дека не може да се освести од шокот од смртта.

„Кој тебе момче не те сакал и не те посакувал? И понатаму не можам да поверувам… Никој не бил вреден за таква болка и таква жртва! Никој! Жал ми е што тоа не ти го кажав…“ – се зборовите од емотивнииот статус со кој Карлеуша се прости од трагично починатиот млчад пејач.

Фото: Инстаграм принскрин/karleusastar

To top