Радио Милева Упорна до резултатот

Не сака летото да го дочека како буцка: Милица Тодоровиќ ослабе 15 килограми, а еве како тоа и успеа… (фото)

Не сака летото да го дочека како буцка: Милица Тодоровиќ ослабе 15 килограми, а еве како тоа и успеа… (фото)

Пејачката Милица Тодоровиќ некое време се бореше со вишокот килограми, но сега успеа да ја врати својата линија до совршенство.

Имено, Милица Тодоровиќ за неколку месеци успеа да изгуби 15 килограми, пишува „Ало.рс“.

– Како и повеќето нејзини колеги, Милица се опушти за време на карантин, не се помрдна, уживаше дома, гледаше филмови и уживаше во јадење. Вишокот тежина во таа ситуација е сосема очекувана појава. Сепак, таа реши да не го дочекува летото како буцка, туку да го доведе телото до совршенство, во што и успеа – изјави изворот

Како што понатаму се наведува, пејачката веќе четири месеци е на посебна диета. Таа го намали количеството храна што ја конзумираше, но го зголеми бројот на оброци на дневна основа.

Покрај тоа, таа редовно и напорно тренира, што нејзините следбеници често можат да ги видат на нејзините профили на социјалните мрежи, каде објавува кратки видео клипови од нејзините тренинзи.

To top