Тој е човекот пред кого се поклонува цела Македонија, па и Европа. Од полуанонимен стратег до фудбалската легенда која успеа да испишее историја и за прв пат да ја однесе македонската фудбалска репрезентација на едно големо европско натпреварување, во случајов Европско првенство – ЕУРО 2021.
Игор Ангеловски, човек предодреден за големи успеси и секогаш добредојден медиумите, а таа чест и задоволство овој пат ја имаше и магазинот од зад сцената.
Дека е човек со визија и план покажува потегот кој го направи кога дојде на селекторската функција во 2015 година. Самиот лично отпатува во Италија да го убеди Горан Пандев да се врати во репрезентацијата. Тоа беше почетокот на создадавањето на изгледот кој репрезентацијата го има денес, на играта по кои стануваме препознатливи, на успесите заради кои не сметаат за сензација.
Но, какво е чувството да се биде првиот селектор кој успеал да ја однесе Македонија на едно толку големо натпреварување?
Екипата на Бекстејџ имаше можност да разговара токкму со селекторот Игор Ангеловски – Мрме. Кој ќе биде говорот пред играчите во пресрет на првиот меч на европското првенство, но и дали следи смена на генерација по европското првенство, очекува ли пласман во вториот круг, дали го собира албумот со сликички на Панини…?
Ова и многу повеќе, погледнете во интервјуто во продолжение со човекот кој ја направи нацијата горда, среќна и радосна, овозможувајќи ни ја единствената привилегија, да ја слушаме националната химна, да гледаме како гордо се вее македонското знаме и да уживаме во играта, настапите, а зошто да не и резултатите на фудбалска Македонија, на престојното ЕУРО 2021.