Радио Милева два различни стајлинзимарија

„Ти си македонска Ким Кардашијан“: Марија Груевска повторно импресионираше со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“

„Ти си македонска Ким Кардашијан“: Марија Груевска повторно импресионираше со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и македонската кандидатка Марија Груевска од Битола.

Марија се бореше во дуел со Селим Селимовиќ од Ниш.

Македонката се претстави со песните „Једанаест“ од Марија Шерифовиќ и „Лутка за бал“ од Парни Ваљак.

По интерпретациите на двата кандидати тие добија по шест гласови, па имаше прегласување односно Марија и Селим добија по три кандидати.

фото: Принтскрин/јутуб/звезде гранда

Саша Поповиќ беше тој кој требаше да пресуди кој ќе помине во следниот круг.

„Немој, Марија повторно да се пресоблекува“ рече Мили на Поповиќ, па додаде:

„Па што ви е, како три гласа? Зарем ова емисија не се вика „Ѕвездите на Гранд?“, изјави Мили за Марија.

Марија на сцената имаше два различни стајлинзи. За време на првата песна облечена како калуѓерка, за да подоцна се соблече во разголено издание во кое го покажа своето заводливо тело.

фото: З.К Муња/ Д. Милошевиќ

„Луѓе, ние овде конечно откривме дека Марија Груевска е македонската Ким Кардашијан. Мани се од виолните од оние чесни сестри, ти имаш такво тело сестро моја. Јас немам видено вакво нешто. Жените плаќаат за ова што ти го имаш“, изјави Карлеуша.

фото: З.К Муња/ Д. Милошевиќ

Од друга страна, Марија Шерифовиќ истакна дека ова е најдобра верзија на „Једанаест“.

Поповиќ одлучи Груевска директно да оди во следниот круг.

Нејзиниот настап погледнете го видеото подолу на 1:28:03.

To top