Некои рокери забраниле да се пеат нивните песни во „Ѕвездите на Гранд“ без финасиска надомест.
И покрај тоа што преку СОКОЈ ги следува одредени финасисии поради авторски права, поединци побарале од Гранд дополнителна сума на пари за да може кандидатите да ги пеат нивните песни.
Поради тоа некои изведби се избришани од Јутуб, а продукацијата поради тужба морала да плати одредени штета.
Пејачот Ѓорѓе Давид ги потврди овие пишувања и го кажа своето мислење за целата ситуација.
„Многу ми е жал што некои луѓе не капираат во каков момент се наоѓа рок музиката. Авторството е нешто што никој не може да ти го земе. Авторот има право со своето дело да прави што сака. Но ми е многу тешко кога ќе бидам некои рокери да бараат пари кога станува збор за „Ѕвездите на Гранд“. Јас од почит нема да ги именувам тие луѓе, но Гранд ја пријавува секоја песна која се изведува“, вели Давид.
„Сега имаме некои пенали од „Гранд“ кои мора да се платат. Тоа е фаул за рокенролот и гасење на нивните авторски права на начин кој не е океј бидејќи тие делата треба да живеат во овие услови во кои се наоѓа рок музиката. Многу сум тажен поради ова, но одиме понатаму, јас ќе се потрудам да се изборам“, вели рокерот.