Годинешниот македонски преставник на „Избор на песна за Евровизија“ никако да „исплива“ од морето скандали во кое сам се нурна. Заглавен во калта од недоветни изјави и гестови, се’ подлабоко тонеше, а сега сакајќи да прета во „живиот песок“ во кој самиот си скокна, му се заканува опасност до крај да потне и да се „удави“!
Имено, Гарванлиев во интервју за „eurovisionworld.com“ „плачејќи и кукајќи“ врз својата несреќна судбина обвини дека бил цел на наводен „организиран криминален напад“, поради тоа што има бугарски пасош!
„Ова беше организиран криминал- напад против мене, врз кој немав контрола. Работите беа извадени од контекст и беа презентирани лажни информации кои завршија со многу негативен одговор со сајбер малтретирање и јавно линчување. Не посакувам такво нешто никому, но гледајќи ја светлината во мракот, многу сум благодарен затоа што на мојата песна и ’даде уште подлабоко значење и уште поголема желба да бидам уште поуспешна“ – вели Македонецот со бугарски корени и бугарска патна исправа.
Неговата изјава да не e трагична, би било смешна… Вака, трагикомичните изјави на струмичанецот кој самиот ги исполитизира и својот случај и музиката, не се ништо друго туку смешен обид да се извади од нешто, во што беспотребно си се вплетка без никој да го „тепа по уши“. Патем, за истото сега одново ја иритира јавноста со ваквите недокажани изјави, „плаче“ по Европа, напаѓа и обвинува за наводен „организиран напад“ врз него?!
Тврди дека ова го направило посилен како човечко суштество и како уметник и му дало поголема одговорност:
„Да бидам глас за безгласните, особено за уметниците ширум светот, кои немаат уметничка слобода да бидат свои“ – додава Гарванлиев.
А, се запрашал, имаа ли македонаските уметници слобода и право да бидат во трката за избор на песна и изведувач од страна на националниот сервис, која патем сите го плаќаме, или само тој „од Струмица црпнат“ беше предодреден па без право на натпревар на останатите, нему му беше овозможено да биде и годинава преставникот на земјата на која ниту името не скаше да и го изговори, велејќи дека живее таму некаде, „од другата страна на границата“?
А, при тоа „протежираше“ бугарско знаме во видеото, „мафташе“ со бугарски пасош, се фалеше со бугарските корени, на раката носи симболи во боите не на македонското, туку на бугарското знаме, „леташе орли“ на фотографиите при евровизиското дружење со претставничката на Албанија, Јонида Малиќи, го доведе МРТ во „незавидна“ ситуација да размислува и да си ја преиспитува одлуката за неговиот избор, па да мораа „да замижат“ и „да го вадат од калта“…
Многу извесно, заради себе или заради „некој над нив“, а никако заради него самиот и неговите непромислени „будалаштини“, со кои одново продолжува да ја иритира нацијата во изјавите и интервјуата по Европа!
И после имало „организиран криминален напад“ врз него!!? Демек… „Го фатиле Васила, го… (знате веќе што), на сила“?! А всушност ТОЈ беспотребно „не силува“ сите нас!