Ебру Шахин, познатата турска актерка, која ја игра главната улога во популарната ТВ серија „Невозможна љeубов“, воодушеви со својот потег. Имено, таа на својот профил на Инстаграм му го честиташе роденденот на своето момче, на српски јазик.
Ебру инаку е во врска со славниот кошаркар Чеди Осман, кој по потекло е од Македонија, додека неговата мајка е од Нови Пазар. Така што тој и неговата девојка го знаат српскиот јазик.
„Сè е лесно кога си до мене. Среќен роденден, сонце мое “ – му напиша Ебру, објавувајќи заедничка фотографија со кошаркарот, додека тој и одговори на турски јазик:
„Ти си најубавото нешто што ми се случило! Ти си мојата причина за среќа. Те сакам многу“!
Фото: Инстаграм принтскрин/rebrusahin