Неодамна започнаа снимањата на петиот круг на „Ѕвездите на Гранд“. Меѓутоа, деновиве на едно снимање им се случи мала непријатност која досега се нема случено.
Имено, додека се снимаше една од емисиите во студиото на Гранд снема струја, а членовите на жирито се снајдоа што да прават за тоа време и споија убаво и корисно.
Вики Миљковиќ, Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, Ана Бекута, Мира Шкориќ, Саша Поповиќ и Снежана Ѓуришиќ го искорисија ова време за ручек, а своите чинии ги гледаа благодарение на светлата од телефон.
„Повторно снема струја, втор дел“, напиша Вики покрај видеото од кујна.
„Ѓорѓе, дали се добро“, го праша Јелена својот колега, а на снимката се слуша како Вики вели: „Повторно нема струја, јадеме под свеќи“ и сите се смеат.
Исто така, пред некој ден за време на снимањата на музичкото шоу снема струја, па снимањата беа прекинати на кратко.