Откако судот во Австралија пресуди во корист на Тања Савиќ, пејачката и понатаму нема мир од нејзиниот сопруг Душан кој претходната година ги однесе децата во Австралија.
Пејачката се подготвува да оди во Австралија и по долго време да се види со синовите кои ќе ги донесе во Србија да живеат.
Савиќ најголемиот дел од времето го поминува со семејството, а нејзиниот брат и помага да ја средат куќата во Смедерово.
Сосетката на Тања проговори за целата ситуација.
„Тања не е сама. Сите знаат дека има сестра која е воспитувачка, но има и брат. Од кога се пресели во Радинац многу е блиска со семејството со кое сопругот Душан и забрани да има контакт“, вели сосетката на Тања за „Свет“, па додава дека Душан ја вознимирува Тања.
„Во последно време се повеќе е со братот Немања кој и помага да ги заврши сите машки работи околу уредување на станот. Тој е оној кој ја чува, внимава на неа. Душан секојдневно ја вознимирува, и се заканува дека нема да ги види децата. Тања е свесна дека тој е подготвен на се. Таа верува во законот, а судот на 12 март одлучи дека децата треба да се вратат во Србија“.
Потсетуваме, сопругот на пејачката во април претходната година ги однесе децата во Австралија без знаење на Тања.