Радио Милева Неоткриен талент

Не може да се изнагледа во своето дело: Лила и самата е изненадена од штотуку откриената лична вештина (фото)

Не може да се изнагледа во своето дело: Лила и самата е изненадена од штотуку откриената лична вештина (фото)

Во време на пандемија кога поголемиот дел од нас гледаме времето да го поминеме дома и да бидеме побезбедни, многумина си открија свои страни и неоткриени вештини за кои можеби не ни помислувале.

Така и нашата позната ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска. Таа се изненади самата од себе, пред се од желбата, а потоа и вештината и на крај од резултатот.

Лила во своето турбо секојдневие своите оброци ги добива „на тацна“, и често се храни во ресторани или дома добива храна по нарачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Таа сега се реши ова да го промени, па дури си купи и електрично тенџере во кое си зготви прекрасен оброк од кој беше и повеќе од задоволна.

-Се плашам само да не се навлечам на готвење, па после кој ќе ме трпи – се пошегува Лила на своја сметка.

Колку време ќе и трае оваа желба за готвење и што друго ќе сервира на Инстаграм од својта кујна- останува да видиме…

To top