Старлетата и ријалити ѕвезда, Ана Кораќ, наводно направила уште една естетска корексција со операција за намалување на обемот на половината. Кораќ неодамна престојуваше во Истанбул, каде извршила операција за отстранување на ребрата, за што платила 7.000 евра.
„Ана отсекогаш сакала да има бујни облини и тенок струк, а еден од мотивите за влез во реалното шоу беше да заработи пари за бројните естстски операции. Најмногу заштеди за операцијата на стеснување на струкот, па затоа отпатува за Турција, на клиниката каде работи еден од најдобрите естстски хирурзи“ – вели извор близок на Ана.
Ана била долгодоишен пациент кај хирургот кој ја оперираше, па затоа тој не бил изненаден од нејзиното барање ионака тенкиот струк уште повеќе да се стесни. Не се плашела, па целосно му се предала и верувала дека ќе го постигне резултатот што го посакува. Нејзината желба била обемот на струкот да и биде помал за уште околу пет сантиметри.
„Ниту еден доктор во Србија не изведува ваков вид на операција, поради што Ана се одлучи за Турција. Еден од најпознатите хирурзи и ги отстрани последниот пар ребра, а операцијата беше извршена под тотална анестезија. Закрепнувањето траеше околу две недели, а оваа интервенција ја чинеше 7.000 евра. Таа беше во Истанбул за време на постоперативното закрепнување и успеа да скрие сè од јавноста, бидејќи во тој период не објави ништо на социјалните мрежи“ – заклучува изворот.
Фото: Инстаграм принтскрин/ana_korac