Радио Милева некогаш и тој беше дел од нив

Дарко Спејко: „Реалните шоуа се пример како не треба во животот“

Дарко Спејко: „Реалните шоуа се пример како не треба во животот“

Кумановецот Дарко Петковски – Спејко беше редовен учесник во регионалните реаилити шоуа.

Имено, Спејко во 2015 година победи во „Големиот брат“, а во 2019 година исто така беше дел оо реалното шоу „Задруга“ во кое учествуваше околу еден месец.

Сепак, изгледа дека ваквите видови на програми се зад кумановецот и тој потполно е посветен на својата нова професија – спортски директор на КК Куманово.

фото: принтскрин/инстаграм/дарко спејко

Меѓутоа, реалните шоуа денес се едни од најгледаните емисии на телевизија, „Јутуб“, социјалните мрежи и бележат огромен рекорд на гледаност.

Спејко, како учесник во истите за машкимагазин.фактор.мк ги прокоментира денешните реалити и што мисли за нив.

„-Реалните шоуа се во тренд, за разлика од пред 5- 6 години сега им расте гледаноста, траењето, бројот и инвестирање во самите проекти, но наградните фондови и хонорарите нагло паѓаат, секој сака да биде во центарот на вниманието па се влегува и без хонорар а бламот те носи во финале. Порано имаше концепт кој полека се изгуби, па приватните животи на учесниците се поинтересни за гледачите, и денес реалните шоуа се одличен пример за тоа како НЕ треба во животот. Од искуството во реалните шоуа научив да се борам за себе, да го давам само најдоброто, да се претставувам во најдобро светло како пред камерите така и надвор од имагинариумите, и се’ тоа добро да го наплатам, изјави Петковски.

Дарко Спејко откри колку му плаќаа за учеството во „Задруга“ – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Инаку, тој во Задруга беше запамтен и по краткотрајната врска со Тара Симов.

To top