Вестите за дисквалификуваната Вања Кнежевиќ од „Ѕвездите на Гранд“ се уште се актуелна тема во медиумите.
Имено, како што пишуваат српските портали, Цеца Ражнатовиќ и помага на Вања Кнеживиќ да сними песна.
По тој повод, сега се огласи и долгогодишниот соработник на Цеца, композиторот и текстописецот Дамир Хандановиќ и потврди дека подготвува песна за Вања.
„Вистина е, подготвувам песна за Вања Кнежвиќ….Ми се јави Цеца“, љубезно одговорил Дамир.
Потсетуваме, Вања беше исфрлена од музичкото шоу бидејќи на социјалните мрежи сподели навредливи содржини за Јелена Карлеуша и „Ѕвездите на Гранд“.