Радио Милева Семејството се проширува

Се породи пред една година, а сега повторно чекаат принова: Онур и Шехерезад ќе добијат трето дете (фото)

Се породи пред една година, а сега повторно чекаат принова: Онур и Шехерезад ќе добијат трето дете (фото)

Турската актерска двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч очекуваат трето дете, објави турската актерка на својот профил на Инстаграм.

Добрата вест и ’дојде среде снимање на нов проект, прв по пауза од три години.

– Откако не бев на малите екрани три години, за време на неколкумесечните подготовки за улогата во серијата „Кнали Јаи“, дознав дека сум бремена. Иако бременоста не ме спречи да продолжам со проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физички промени кои не беа соодветни за мојот карактер. Не ми е лесно да се збогувам со серијалот што го направив со одлични луѓе. Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од кои научив многу и со кои поминав низ прекрасниот процес на креирање на овој проект. Посакувам нашите патишта еден ден повторно да се вкрстат – напиша познатата актерка, а потоа се заблагодари за првите честитки:

– Од моментот кога објавив дека сум бремена, не можев да одговорам на сите пораки. Ме направивте многу среќна, ви благодарам многу. Нека драгиот Алах ви даде многу здравје и среќа. Ви благодариме за постоењето, пишува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Инаку, Бергузар или најпозната по улогата на Шехерезад пред една година го роди вториот син, а иако се пишуваше дека се разведуваат со Халит, тие го покажаа спротивното.

To top