Слободните празнични денови за многумина се прилика да отпатуваат надвор од земјата, а меѓу нив е и ТВ водителката Лила Филиповска.
Велигден е најубав кога си заедно со сакните, најблиските, па така е и за неа.
Имено, Лила реши Велигден да го помине во Милано, заедно со својот син Филип. Мајката и синот резервираа карти, го спакуваа багажот, се качија на авион и слетаа во убавата Италија.
Таа несебично со своите бројни обожаватели и следбеници на Инстаграм сподели кој е во нејзино друштво и тоа како заедно со синот ги минуваат деновите во прошетки, уживање во италијански ресторани, знаменитости…
Овој Велигден си дадоа време само за себе и заедничката дружба за бесценети празнични спомени.