Тања Савиќ неодамна објави дека судот во Австралија донел одлука нејзините синови Ѓорѓе и Давид да и припаднат на неа.
Сепак, изгледа нема се така да биде лесно. Имено, пејачката се подготвувала да оди во Австралија и да ги земе децата, но нејзиниот се уште законски сопруг Душан Јованчевиќ поднел жалба, пишува курир.рс
Наводно тој не можел да се помири со тоа Тања да ги однесе децата од Австралија бидејќи мисли дека на децата таму имаат подобри услови за живот.
Потсетуваме, во април претходната година, сопругот на Тања ги однесе децата без нејзино знаење и отогаш пејачката ги нема видено своите наследници.