Младата пејачка Вања Кнежевиќ неодамна беше дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“ и го привлече вниманието на јавноста.
Не престанува да се пишува за младата кандидатка,а сега по тој повод се огласи и Нада Топчагиќ.
„Во тоа шоу се рекламираат колегите. Тие се ставаат себеси за преоритет, да не се во жирито што би правеле, ќе преживуваат како што ние преживуваме. Нема да постојат, ќе се борат со короната и животот како и сите ние“, вели Нада.
Топчагиќ вели дека била изненадена кога дознала дека Вања е дисквалификувана и дека не се многу надела дека Саша Поповиќ ќе ја врати.
„Јас мислев дека Поповиќ ја врати таа девојка и дека се помина. Требаше да остане во натпреварувањето. Саша ме изненади што не ја врати. Тој секогаш беше професионален. Штом тој повеќе не го води Гранд, тоа е минато. Овде се прави шоу за себе, мислам дека се тоа е договор. Тоа веќе не е интересно за народот“, вели Нада и додава:
„Тие прават реално меѓу себе, за да се форсираат себеси. Каде би биле тие? Никаде. Што би правиле? Ништо. Јас не гледам таков вид на натпреварувања, водам некој друг живот, треба очи да си извадиме за да бидеме гледани“, вели пејачката.
Потсетуваме, Вања беше дисквалификувана откако на Инстаграм стори сподели содржини со негативни коментари на Јелена Карлеуша.