Ана Севиќ доби повик од полицијата со цел да разјасни зошто автомобилот „мерцедес ЦЛК“, кој се води на неа, има таблички од друг автомобил, поточно од „Југо“, јавуваат локалните медиуми.
Конфузијата околу автомобилите и регистарските таблички настанала кога полициските службеници од Звездара извршиле случајна проверка на „Мерцедесот“, кој бил паркиран на улицата, во рутинска контрола во ноември, минатата година. Бидејќи во тоа време во возилото немало никој, полицајците ги провериле регистарските таблички и утврдиле дека не му припаѓаат на тој автомобил.
Потоа по наредба на полицијата автомобилот бил пренесен на паркингот во полициската станица. Утврдено е дека сопственик на тој „Мерцедес“ е пејачката Ана Севиќ“ – објаснува полициски извор и додава дека поради тоа Ана била повикана во полиција. Севиќ дошла во станицата и објаснила дека тој автомобил го продала пред неколку години.
„Тој автомобил ми го купи мојот поранешен сопруг, пејачот Дарко Лазиќ, уште во 2014 година. Јас го продадов во 2016 година во договор со Дарко. Човекот што го купи автомобилот од мене го познавам како Никола – Црни. Не знам ништо повеќе за него“ – изјавила пејачката во полиција.
После тоа, повик од полицијата добил и Дарко Лазиќ, пејач и поранешен сопруг на Ана.
„Ја потврди приказната на Ана, но додаде и дека не знае дали купувачот платил за „Мерцедесот“ во целост, затоа што не е во контакт со човекот на кого му е продаден автомобилот“ – додава соговорникот запознаен со случајот.За овој случај бил информиран и обвинителот од Првото основно јавно обвинителство, кој изјавил дека возилото треба да му се врати на сопственикот, а табличките што не му припаѓаат да бидат уништени, како и тоа дека нема елементи на кривично дело.
Фото: Инстаграм принтскрин/anasevicofficial