Македонскиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов кој голем дел од својот живот го помина во Белград, како што е познато пред три дена почина од последиците предизвикани од коронавирусот. Но уште неговата душа што се вели не стигна ни да се упокои кај Бога, а неговиот син, познатиот џез музичар Васил Хаџиманов, доживеа низа непријатности на социјалните мрежи од противниците на вакцинирањето, таканаречените „антиваксери“, кои „начекаа“ простор и ситуација за ширење на своите тези во вид на теории на заговор, овој пат за жал, на сметка на трагедијата на семејството Хаџиманови и името на покојниот Зафир.
Имено, на Фејсбук профилот на починатиот уметник, логично и нормално, луѓето оставаа бројни коментари, меѓу кои мнозинството изрази почит кон сето она што за својот живот и битисување Зафир Хаџиманов го направи, создаде и остави зад себе како творештво и своевидно музичко и културно наследство, секако сочувствувајќи со неговото семејството.
Но, се појавија и такви, кои на безумен и нечовечен начин најдоа причина да ја шират својата теорија, создавајќи паника и несигурност кај населениото со своите лажни вести, а во истовреме создавајќи му дополнителна болка, но и проблем на ионака ожалостеното семејство Хаџиманови.
Револтираните почитувачи на уметноста и музикатана Зафир Хаџиманов веднаш изреагирааа на ваквите јавни пишувања, потсетувајќи дека не е ниту момент, ниту место да се пласираат лажни вести и прават скандалозни заговори. Синот на Зафир, Васил Хаџиманов и самиот се огласи на социјалните мрежи, видно револтиран и изнервиран од она што се случува за сметка на нивната семејна трагедија.
„На сите ‘болни’ кои овде ставаат срамни коментари им порачувам дека татко ми почина како резултат на последици од Ковид -19 вирусот. Како тежок срцево болен пациент, тој не можеше да ги издржи последиците од вирусот. Да се вакцинирате еднаш, да знаете што било подалеку од вашиот задник, не е доволно да се заштитите од овој страшен вирус. Ако видам друг сличен коментар тука или каде било, јас лично ќе се погрижам да ве најдам и да ве научам на памет како се однесува и што не се изговара или пишува на профилот на починатиот. Срамови едни нечовечки“ – напиша Васил на социјалните мрежи револтиран од претходно напишаното.
Дел од српските медиуми успејаа да го исконтактираат Васил Хаџиманов, кој одбил да ги коментира написите, туку само кусо додал:
„Не би коментирал. Не сакам да се фокусирам на тие ужасни луѓе, туку на тоа кој беше Зафир и што остави зад себе“ – изјавил џез уметникот.
Фото: Инстаграм принтскрин/vasil_hadzimanov