Некогашниот македонски рапер Андреј Миске,кој паралелно со кариерата го тера и шминкерско – фризерскиот занает или како што популарно се нарекува – моден стилист, одвреме-навреме и се враќа на првата љубов – музиката!
Ако не повеќе, тогаш барем еднаш годишно Миске знае да исфрли нова песна, да убоде стихови, залепи певлив рефрен и срамежливо да се врати или барем да се пријави дека се’ уште не и кажал збогум на музиката за сметка на фризерајот и козметиката!
Така, во 2017 Андреј Миске на старата дует песна „Те сакам за себе“ со џепната венера – Ноне и налепи видео и го закачи на Јутјуб.
Една година пото, во 2018 од нигде-никаде го видовме во видеото и заедничката песна со бугарската пејачка Елица, во темата со наслов „После тебе“.
Во 2019 година не низненади кога за прв пат во обид да ја направи пејачка, ја лансираше меѓу познатите бившата сопруга на Даниел Кајмакоски, мисицата и модел Кристина Димитриевска со која во дует ја испеа нејзината дебитантска песна „Сакам пак“.
Минатат година веројатно заради коронапандемијата и принудното мирување на целокупната естрада Миске не се огласи со нова тема, но затоа пак, уште на почетокот на оваа 2021 -ва година еве го најпознатиот рапер помеѓу фризерите и шминкерите со ново музичко дело.
Андреј Миске и аудио и визуелно ни ја сервира суровата реалност на тацна, која ионака секојдневно ја живееме, а медиумите безмилосно дополнително не потсетуваат на неа. На сето тоа, неговите прогнози во стиховите не само што не се оптимистички, туку се депресивно песимистички, како и самиот наслов на темата насловена – „Крај“.
Дали навистина нема да биде подобро, туку не чека само полошо утре и поцрна иднина и нас и идните генерации и дали крајот е близу…? Кој може со сигурност да каже, иако Миске на уметнички начини сакал тоа да го претпостави и прогнозира.
Стиховите, аранжманот, миксот и мастерингот ги направил самиот тој, додека во изведбата на рефренот му се приклучил Борче Павлевски, а лирик видеото е склопено од апокалиптични филмски сцени спакувани од „Миске бит продукција“.