Дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ од „Ѕвездите на Гранд“ се уште е главна тема во медиумите, а како што пишува курир.рс зад ова стои кандидатка од спротивниот тим.
Имено, како што тврди извор една кандидатка од тимот на членовите на жирито и го испратила сторито кое Кнежежиќ го објави кај неа на „Инстаграм“ и поради кое беше исфрлена од музичкиот натпревар.
Според зборовите на соговорникот кој била сведок на ситуацијата тврди дека настанал хаос.
„Ова не е првпат да се “местат“ кандидатите меѓу себе, но досега не се крена таква прашина. Вања можеби погреши што го сподели тоа стори, но многу е лошо што ја пријавуваат кандидати кои се натпреваруваат со неа. Ние кандидатите знаеме кој го направи тоа, но не сакаме да имаме проблем со продукацијата и со жирито, па не зборуваме јавно за тоа. Кога ќе заврши ќе имаме прилика јавно да кажеме кој ги „мести“ своите колеги“, тврди еден од учесниците кој не сака јавно да го каже своето името.
По тој повод се огласи и Вања Кнежевиќ.
„За мене „Ѕвездите на Гранд“ се завршена приказна и не сакам да имам ништо со тоа натпреварување. Се посветив на својата кариера и за тоа сакам да зборувам во иднина“, вели Вања.
Наводно, пред почетокот на емисијата Кнежевиќ имала проблем со една од учесничките, а за тоа дознала и нејзината менторка, па наводно токму поради тоа и ја критикувала Кнежевиќ.
Останатите членови на жирито не биле расположени да ја коментираат ситуацијата истакнувајќи дека директорот Саша Поповиќ кажал сè на таа тема.