Водителот Ване Маркоски секое утро имаме прилика да го гледаме на МРТ телевизија каде што професиоално си ја работи својата работа.
Освен на ТВ екраните, водителот е активен и на социјалните мрежи каде што често знае да сподели фотки од некои негови активности, да рекламира одредени брендови, да го покаже магичниот поглед од својот дом…
Меѓутоа, Ване не ги експонира членовите на неговите семејство. Сепак, овој пат направи исклучок.
Имено, тој на својот „Фејсбук“ сподели фотографија од неговата мајка Драгица Маркоска, а повод беше нејзиниот роденден.
„Мајче, среќна, жива и здрава“, напиша Маркоски покрај објавата.
Под фотографијата се нижеа честитки за среќен роденден, а меѓу нив се најде и онаа од водителката Бубе Јаневска која напиша: „Аиии, да ја изгушакаш и од мене. Најубави желби и многу здравје“, напиша колешката на Маркоски.
Среќен роденден.