Радио Милева нормална девојка

Го разврзваа јазикот: Соседите на Милица Павловиќ открија како се однесува пејачката зад камери

Го разврзваа јазикот: Соседите на Милица Павловиќ открија како се однесува пејачката зад камери

Пејачката Милица Павловиќ важи за една од најзгодните и најуспешни пејачки во регионот.

Милица на сцената секогаш е згодна, средена и во топ издание, а сега нејзините соседи открија како се однесува зад камери.

„Пред сè, таа е едно фино и воспитано дете, не е како оние умислните ѕвезди и со нос во облаците. Секогаш некаде брза, ваљда тоа е нормално, детето многу работи. Посветена е на семејството, со денови беше тажна кога почина дедо и, тоа многу ја погоди“ вели еден повозрасен сосед и додава: „Сама за себе заработува, им помага и на најблиските, прекрасно дете“.

фото: принтскрин/инстаграм.милица павловиќ

Пофални зборови за Павловиќ имала и сосетката која често ја гледа.

„На балконот, додека простира облека. И кога ја нема сценската шминка изгледа прекрасно, негувано. Нормална девојка, потполно природна. Со оглед на изгледот и успехот, чудно ми е што не го гледам дечко и, најчесто е сама. Ја гледам некогаш со друштвото, но никогаш не разменува нежност и слично“, вели сосетката.

To top