Филип Филипоски – Филс, трап/Ар ен Би изведувач од Скопје, е член и еден од тројцата основачи на “Vibe Lab” продукцијата од чија музичка лабароторија излезе неговата нова тема „Допинг“. Песната е направена во соработка со продуцентот Матеј Ваневски – Вански кој е истота така член и основач на истата продукција. Третиот основач е Кирил Чиплакоски – Чипо кој моментално го подготвува следниот проект кој ќе биде објавен на “Vibe Lab” каналот.
Спотот за „Допинг“ е снимен во Скопје, во соработка со Емануел Трпчевски (RED Central Productions) кој го снимал и монтирал видеото, режирано од Вански. Девојката која се појавува во спотот е моделот Марија Веселиновска.
Интересен факт е дека видеоспотот е снимен во еден ден, па таквиот предизвик барал огромна професионалност од сите кои се дел од истиот.
Додека нивните нови проекти тековно се подготвуваат, уживајте во „Допинг“ -от на Филс во продолжение: