Бугарската фолк пејачка Лијана продолжува да ја искушува машката публика со се’ посекси и попредизвикувачки фотографии. Вокалната бринета моментално сонча на Малдивите, придружувана од нејзината 14-годишна ќерка Дениз.
Убавицата, за која велат дека во ликот и ставата неодоливо потсетува и личи на Анџелина Џоли, често ги разгорува страстите на социјалните мрежи, а овојпат вистински ги запрепасти своите обожаватели, покажувајќи го своето фантастично голо тело.
На фотографијата, на која 40-годишната пејачка сподели „поза за топење“, на која е во супер секси долна облека од тантела во бургундска боја, откривајќи ја неверојатната фигура на Лиана.
На останатите фотографии пејачката се соблече да се капе како мајка родена во отворениот базен.
Познато е дека пејачката со години следи строга диета, која ја комбинира со редовни посети на теретана. Таа самата повеќе пати призна дека сега повеќе и се допаѓа нејзиното тело отколку кога имала 18 години. Нејзината диета и спортот за неа станаа начин на живот веќе подолго време.
„Штетната храна е строго исклучена од моето мени, едноставно затоа што сакам да бидам здрава! Пушењето, во било која форма, исто така! Се рестартирав зашто мислам дека здравјето одвнатре, очигледно се гледа и однадвор“ – рече бугарската фолк убавица пред некое време.
Фото: Инстаграм принтскрин/liyana_original