Радио Милева

Скандал: Прекинат настапот на Дара Бубамара, полицијата ја претресувала и барала дрога!

Скандал: Прекинат настапот на Дара Бубамара, полицијата ја претресувала и барала дрога!

Дара Бубамара била принудена да го прекине својот настап откако во еден белградски клуб, упаднала полиција и извршила претрес.

Инспекторите не ја поштедиле ниту пејачката, па и таа, како и сите гости морала да ја предаде својата чанта на преглед. За среќа кај неа не било пронајдено ништо сомнително.

За време на настапот влезе полиција. Дара го остави микорофонот и застана во ред за претрес. Беше прилично вознемирена, иако знаеше дека е чиста. И беше непријатно бидеји и го прекинаа настапот. Ја даде на полицијата својата чанта и се шегуваше со нив и им рече дека тука ништо нема да најдат освен паричник, парфем и клучеви, рекол изворот.

Дара нема искуство со нив, во такви ситуации незнае како да се однесува. Никогаш немала допир со дрога, но секогаш се плашеше дека некој може да и подметне. Така и вечерта само повторуваше: „Каков баксуз сум. Некој нешто ќе ми подметне, ќе избие скандал, а јас ни крива, ни должна“. За среќа се се заврши добро, Бубамара продолжи да пее и направи спектакл.

После тоа пејачката рекла дека и е мило што полицијата биле на настапот, бидејќи покрај се чувствува сигурно.

Мило ми е што полицијата дојде на настап, бидејќи така и јас сум побезбедна. Се се случува по клубовите, а кога ќе дојдат униформирани лица, тогаш сум мирна. Можеби на луѓто не им е пријатно кога ќе видат многу полиција, но луѓето си ја работат својата работа. За среќа никогаш не сум доживеала непријатност, рекла Дара.

To top