Уште откако дојде во нивниот свет, синчето на раперот Марко Слаткар и екс-мисицата и водителка Сања Николиќ, Моша, е центарот на нивниот универзум.
Иако следбениците многупати преку коментари на социјалните мрежи побараа да видат на кого личи наследникот, познатите родители не сакаат да го изложуваат неговиот идентитет пред очите на јавноста.
View this post on Instagram
Но затоа кога има нешто ново во растот на Моша, тогаш гордо сакаат да се пофалат, баш како овој пат.
Имено, мама Сања на својот Инстаграм сподели наколку „стори“ од кои покажа дека синчето ги направило првите чекори – сигурно со помошта на мама и тато.
Моментите беа забележани со камерата од мобилниот и споделени јавно.
За потсетување, Марко и Сања се венчаа во 2014 година, а станаа родители во 2020.
Лесни чекорчиња!