Кандидатката Вања Кнежевиќ е дисквалификувана од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, кандидатката настапуваше во последната емисија и освои пет гласа, а Јелена Карлеуша и даде глас, но истакна дека не и се допаѓа нејзиниот настап. Карлеуша на свој начин даде критики за кандидатката.
Потоа, Вања на „Инстаграм стори“ сподели објава од луѓе кои негативно ја коментираат и навредуваат Карлеуша. Кандидатката беше дисквалификувана поради навреди на Карлеуша.
По тој повод, сега се огласи и Ѓорѓе Давид.
„Како член на жирито стојам зад секоја одлука на продукцијата. Апсолутно го поддржувам секој член на жирито. Лојален сум на продукцијата“, вели Ѓорѓе Давид.
Инаку, во последната емисија настапуваше и Александар Темелков кој не доби гласови од жирито, а не сакаше да ги слуша коментарите и ја напушти сцената.