Стефан Димитријевиќ Леон на сите им е познат како русокосiot од натпреварот „Твоето лице звучи познато“ , a оттогаш тој многу се смени.
Во време на пандемијата, немаше никаков знак или глас од Леон, но сега тој се огласи на социјалните мрежи каде објасни и зошто.
View this post on Instagram
– Да, ја истрижав косата, не сакам руса коса повеќе, не сакам долга коса, не сакам повеќе да бидам тој лик, моите тинејџерски денови завршија. Сакам и одам на нешто друго, ова е нешто што во моментот најмногу ме исполнува, се чувствувам среќен, и ги поместувам границите многу побрзо отколку што очекував … – напиша Леон и додаде дека и тој сними нови песни во кои ќе опише низ она што мина во претходните години.
View this post on Instagram
– Тоа мало русо момче што пее и свири … Го нема, го немам видено одамна … – напиша тој.
Овој пејач се најде во центарот на скандалот пред три години откако на социјалните мрежи почна да се шири видео во кое тој во друштво на музичар ја изведува песната „Love Yourself“ од Џастин Бибер. Во еден момент, гитаристот го зеде кучето, кое Леон го држеше во рацете, и го фрли зад него на многу груб начин, што на уште поголема зачуденост од многумина, Димитријевиќ го придружуваше со громогласно смеење.