Радио Милева

(ВИДЕО) Глигор Метео го снема од пред ТВ екраните, а еве каде е денес и што работи!

(ВИДЕО) Глигор Метео го снема од пред ТВ екраните, а еве каде е денес и што работи!

Тој е еден од најпознатите македонски метеоролози кој пред пошироката јавност стана синоним за точна прогноза кога е времето во прашање.

Иако извесен период повеќе не работи во телевизија, Глигор Митковски вели дека се уште знаат да го застанат на улица и да го прашаат какво ќе виде времето.

Во најновата емисија на ТВ магазинот „Едноставно заводливо“, Глигор ја откри својата голема љубов кон воздухопловството и падобранството, кои пак допринеле уште во средношколските денови во себе да почувствува интерес и кон метеорологијата.

Денес повеќе не работи во телевизија, но прогнозата на времето секогаш е дел од неговиот живот и професија, а сега е концентриран на работата како воздухопловен метеопрогностичар , дел од службата за контрола на летање на аеродромот Александар Велики во Скопје.

Тимот на „Едноставно заводливо“, не го заборави Глигор, а пак тој ги почести со интересен прилог каде изведе скок од падобран пред камера.

Како изгледаше целото тоа и што друго кажа Глигор за себе, гледате во продолжение:

To top