Губењето на мобилниот телефон би му паднало тешко секому, особено ако е јавна личност.
Оваа непосакувана непријатност и се случи и на нашата позната поп-пејачка Наташа Малинкова, која вчера преку социјалните мрежи откри што и се случило и побара помош од своите пријатели и следбеници.
-Дечки, од вчера го загубив мобилниот телефон. Ве молам ако некој го најде ќе биде богато награден, гласи објавата на пејачката.
По ваквата информација, повеќето и напишаа дека им е жал што го изгубила апаратот и почнаа да и поставуваа прашања каде последен пат била, на што таа им одговори дека целиот ден го минала во Скопје, а потоа и во Велес.
Но, засега, од телефонот на Наташа нема никаква трага.
Што се крие мобилната архива на пејачката најдобро знае самата, а се надеваме дека нема да и се случи она што ја снајде српската пејачка Дара Бубамара минатата година.