Откако претходната недела беше емитувано интервјуто на Меган Маркл и Хари кај Опра Винфри, војводата од Сасекс овој викенд разговарал со неговиот татко, принцот Чарл и братот Вилијам.
„Па, ги побарав да видам како се чувствуваат по се што се случи. Вистина е Хари разговарал со својот татко и брат. Ми рекоа дека разговорите не биле продуктивни, но дека им е драго што барем разговарале“, откри Гејл Кинг, водителката на „CBS News“ и пријателка на Меган Маркл.
Кинг вели дека Сасекси сакаат „кралското семејство да интервинира и да им порача на новинарите да престанат со неправди, неточни и измислени приказни со кои ги уништуваат.
„Од кралското семејство се уште никој не разговараше со Меган. Мислам дека ги фрустрира кога ќе видат дека во кралското семејство се зборува за раса, кога цело време се што сакаа е кралското семејство да интервенира и да им порача на новинарите да престанат со неправди“.
„И се додека тоа не се препознае, мислам дека ќе биде тешко да се оди напред. Но, двајцата скааат да одат напред и да се подобрат односите во кралското семејство. На крајот, тоа е семејство на Хари“, вели Кинг.