Радио Милева хејтери

Oткако ослабе 19 килограми, Зорана Павиќ добива страшни пораки: „Кога ќе умреш, ќе имаш згоден труп“

Oткако ослабе 19 килограми, Зорана Павиќ добива страшни пораки: „Кога ќе умреш, ќе имаш згоден труп“

Пејачката Зорана Павиќ откри дека луѓето преку социјалните мрежи и се закануваат со смрт, но и дека добива страшни пораки.

Благодарение на строга диета, Зорана за кратко време ослабе 19 килограми, а кога на социјалните мрежи ја покажа својата нова фигура, доби страшни коментари.

фото: A. Налбантјан

„Мора човекот да има вентил, за мене тоа е музиката. Ми недостига да се занимавам со мојата работа. Јас ќе се собрам со друштвото и пееме, а соседите праќаат музички желби. Носиме маски. Човекот мора да најде вентил“, вели Зорана.

„Мене ми е жал за хајтерите бидејќи не се среќни. Јас им се заблагодарив на луѓето кои се задолжени за мојот изглед, а коментарот беше: „Презгодна си, кога ќе умреш ќе имаш згоден труп“, тоа е страшно. Тие луѓе немаат пријатели“, вели пејачката.

фото: принтскрин/јутуб

„Само нешто лошо да се пишува, не само да пишуваат дека сум грда туку и ме погребуваат на социјалните мрежи. Тоа е сериозен проблем. Апелирам – јас утре да умрам, нема да умре вашето незадоволство“, вели пејачката во „Пулс Србија“.

To top