„Funk Shui“, важат за еден од најперспективните бендови во Македонија, кои со својот исклучителен талент и константната работа на својот израз, ја одбележаа 2020-та продуцирајќи два важни синглови во нивната кариера: „Метоери“ и „Ветер“, песни кои заедно со своите официјални видеа го разгорија медиумскиот интерес за нив.
„Не време“ е новиот сингл реализиранво соработка со еден од најпрепознатливите и најавтентични женски вокали во поновата македонска историја, пејачката на „Љубојна“, Вера Милошевска – Јосифовска, кристалниот глас на групата која со годините се издвои како една од најавтентичните културни фигури на македонскиот мелос. Се работи за електична фузија во нова и своја стилска и жанровска рамка, онака како и прилега на бескрајната љубопитност на „Funk Shui“.
Бендот во моментов е актуелен со номинациите за видеото „Метеори“ на „ADRIA MUZZIK VIDEO AWARDS 2020“ во дури 3 категории, тие се финалисти на „HEMI Music Awards“, држејќи го регионалниот медиумски и концертен интерес сосема буден и подготвен за следниот чекор.
Музиката и стиховите на песната ги потпишуваат членовите на бендот, продукцијата и миксот се на Бен Милчев, со поош на групата. Видеото го снимил Борис Ралев, дрон камерата ја управувал Тео Ангеловски, а фотографииите се на Александра Костадиновска.
Проследете како звучи и изгледа нивното „Не време“, во продолжение: