Пејачот Дарко Лазиќ по којзнае кој пат ги прекршимерките за заштита од коронавирус, а сношти 15.03.2021 бил фатен на забава која ја “растурила“ полицијата.
Полицијата затекла 25 луѓе во објект кои среде пандемија лумпувале и слушале музика во живо прекршувјќи ги сите мерки за заштита од корона.
По синоќешната журка, се огласи и свршеницата на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ која истакна дека не знае каде тој настапувал.
„Го заспивав бебето, новинарите почнаа да ми се јавуваат. Не знам за која забава се работи и каде настапувал Дарко…Навистина не знам каде е и што прави. Не е дома. Ќе се обидам да го побарам“ изјави Марина за српски телеграф.
На Лазиќ ова не е првпат да не ги почитува препораките. Неодамна, заедно со својот бенд пееле во куќа во близина на Богатиќ,а според објавите на социјалните мрежи имало околу 20 луѓе.