Промотер

Кој е тој маж, кому Луна му посакува – „Bon Voyage“? (ВИДЕО)

Кој е тој маж, кому Луна му посакува – „Bon Voyage“? (ВИДЕО)

Ексклузивката на „Урбан рекордс“, младата атрактивна,  интересна, оргинална и убава Луна, во текот на викендот, недела 14 март 2021 на официјалниот YouTube канал на продукцијата ја промовираше новата песна насловена “Bon Voyage”, разбирливо визуелизирана со видеоспот.

Зад музиката и текстот стои самата Луна која се потпишува како нивен автор, аранжманот го изработил Блек Роуз, додека пак миксот и мастерингот стандардно се  дело на Иван Јованов – Ивајо.

Секвенците за видеоспотот се снимени во Скопје на неколку различни локации, а видеото е во реализација на Луна која се потпишува и како режисер на истиот. Зад камерата бил Били Д, додека истиот го монтирал Никола Наумовски.

За што поточно станува збор, односно како сето тоа звучи и изгледа и кој е тој маж кому  Луна му посакува  „Bon Voyage“ можете да проследите во продолжение:

To top